Најстудено во Берово и во Битола, најтопло во Дојран
Најниски -10 степени утрово во 8.30 часот се измерени во Берово и во Битола, во Дојран два степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека -9 степени се измерени во Скопје-Петровец, -8 Демир Капија, -7 Прилеп, Струмица и Штип, -6 Маврови Анови и Крива Паланка, -5 Попова Шапка, Претор, Охрид и Тетово, -4 во Виница, Скопје-Зајчев Рид, -3 Крушево, Гевгелија и -2 степени во Куманово.
Висината на снежната покривка утрово е 46 сантиметри на Попова Шапка, 18 во Маврови Анови, 12 Лазарополе, три сантиметри во Крушево и два во Ѓуриште.
Во текот на ноќта времето беше ведро и студено, на места со слаб ветер од северен правец. Утрово од север облачноста се зголеми, па преовладува облачно време. Дува слаб, претежно северен ветер, само во Гевгелија ветерот е умерен.
Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, во северните делови со појава на локален слаб снег, претежно во планинските подрачја. Ќе дува и умерен до засилен северен ветер најизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9 степени.
Во Скопје умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. На повисоките делови од котлината ќе има услови за провејување на слаб снег. Максималната температура ќе достигне 6 степени.
Ново на Сител
-
Кошта: Време е ЕУ да ги исполни ветувањата кон Западен Балкан
-
Мицкоски на средби со дијаспората во САД
-
Како да се спречи одливот на работници?
-
Од Скопје ќе се лета до Париз и Женева – Воведени две нови авиолинии
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на средба со иселеници во Њу Џерси
-
Седница на ЦУК за координација на системот за управување со кризи
-
Охрид: Неопходна е заедничка соработка за заштита на регионот