Најстудено утрово на Попова Шапка, засилен ветер во Штип
Утрово најниска температура е забележана на Попова Шапка, - 4 степени Целзиусови. Еден степен под нулата се измерени во Лазарополе и во Маврови Анови. Потоа следат Крушево со 0 степени, 2 во Берово, 3 Прилеп, Куманово, Крива Паланка и Виница, 4 во Тетово, Битола, Скопје – Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Дебар и Велес, 5 во Демир Капија и Претор, 6 во Струмица, Охрид и Дојран и 7 степени Целзиусови во Гевгелија, соопшти УХМР.
За изминатите 24 часа до 07 часот утрово најмногу дожд од 22 л/м2 наврнал во Маврови Анови, 16 во Лазарополе, 13 Дебар, 12 Тетово, Пожаране, Скопје – Петровец, 10 Попова Шапка, Куманово, Скопје – Зајчев Рид, 6 Кавадарци, 5 Велес, Претор, 4 Демир Капија, Крива Паланка, 3 Штип, Берово, 2 Прилеп, Крушево, Тополчани,
Во текот на ноќта постуден воздух и зголемена облачност се преместуваа кон исток и југоисток од земјата. Имаше врнежи од дожд кои во првиот дел од ноќта беа проследени со ретки грмежи, а повремено беа и поројни. Утрово е свежо, со засилен ветер во Штип (и до 40 км/час), а дожд има на Ѓуриште.
Според прогнозата на УХМР, времето денеска променливо облачно, особено претпладне со повремени врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи. На повисоките планини ќе има појава на снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец (над 70 km/h) најизразен долж Повардарието. Попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.
Во Скопје претпладне со повремен дожд. Преку денот ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец, а облачноста попладне ќе се намали. Максималната температура ќе достигне 15 степени.
Ново на Сител
-
Усвоена информација за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025-2030
-
Мицкоски: Првата препрека ја поминавме, извештајот се очекува на пленарна седница да биде ставен меѓу 7 и 11 јули
-
Заклучоци од седница на Влада
-
Медицински техничар од Србија спаси 4-годишно девојче од Македонија по срцев застој во Неа Врасна
-
Катарскиот премиер се надева дека Израел нема да го искористи примирјето во Иран за да продолжи со бомбардирање на Газа
-
За четири дена на грчките острови Крит и Гавдос пристигнале над 800 мигранти
-
Бројот на жртви во Газа надмина 56.000
-
Запленети мрежи со риба и риболовен алат на Охридското Езеро