-->
-->
Најстудено на Попова Шапка -12 степени, над нулата само во Велес и Гевгелија
-->
Најстудено утрово е на Попова Шапка -12 степени, во Маврово се измерени -8, во Крушево и Крива Паланка -6, -5 во Берово, -3 во Скопје-Петровец, а над нулата е само во Велес со еден и Гевгелија со три степени.
УХМР информира дека во Крушево има снежна покривка од 14 сантиметри, на Попова Шапка 10, а во Маврово три.
Времето денеска претпладне во јужните и западните делови ќе биде променливо облачно. Во текот на денот насекаде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени.
Во Скопје, Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта