Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка, денеска температура до 13 степени
Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 37 сантиметри, а таму изутрина во 7 часот е измерена и најниската температура во државава од – 7 степени. Во Крушево има 14 сантиметри снег, 12 во Маврови Анови, 11 во Битола, шест во Пожаране, пет во Ѓуриште, три во Тополчани, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Минусни температури изутрина се измерени и во Маврово -3, Kрушево – 2 и Битола и Тетово од – 1, а нула степени се регистрирани во Скопје-Петровец, Штип, Охрид, Берово. Еден степен над нулата изутринава било во Скопје Зајчев Рид, Прилеп, Струмица, Крива Паланка и Претор, два во Виница, три во Гевгелија, а четири во Демир Капија.
Според прогнозата на УХМР, времето денеска претпладне ќе биде умерено до значително облачно, попладне облачноста ќе се намали насекаде и ќе преовладува сончево време. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.
Во Скопје претпладне со значителна ниска облачност, околу пладне и попладне сончево. Максималната температура ќе достигне 11 степени.
Ново на Сител
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?