-->
-->
Најмалку тројца загинати во руска Ингушетија
-->
Вооружени напаѓачи отвориле оган врз автомобил во кој се наоѓал локален безбедносен функционер во руската севернокавкаска област Ингушетија, при што убиле три лица, меѓу кои и еден полицаец, јави ТАСС, повикувајќи се на истражители.
Агенцијата го цитира локалниот огранок на рускиот истражен комитет дека синоќа бил отворен оган врз автомобил доделен на заменик-шефот на Центарот за борба против екстремизмот во Ингушетија.
Локалниот огранок соопшти дека е отворена кривична истрага за инцидентот и оти се трага по оние кои стојат зад нападот. Напаѓачите побегнале од местото на злосторството и се упатиле кон соседниот регион Северна Осетија.
Ингушетија е во непосредна близина на Чеченија, во центарот на често нестабилниот регион на Северен Кавказ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
САД и Европа ги осудија нападите на Израел врз мировници на ОН во Либан
-
Селото Чивељ отсечено по поплавите, може да се стигне само пеш или со чамец
-
Најмалку тројца загинати во руска Ингушетија
-
На денешен ден Колумбо ја открил Америка
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје поради снимање на филм
-
Сончево со мала до умерена локална облачност
-
Флорида: Поради ураганот Милтон, нивото на морето е повисоко за 150 до 300 сантиметри
-
Професорката по патологија која го враќа образовниот систем | Весна Јаневска | Sitel Podcast 062