Најмалку тројца полицајци убиени во престрелка во Северна Каролина
Најмалку тројца полицајци се убиени, а неколку други се повредени во престрелка во американската сојузна држава Северна Каролина.
Полицајците посетиле маж со криминално досие во градот Шарлот за да извршат налог за апсење за нелегално поседување огнено оружје, изјави на прес-конференција началникот на полицијата Џони Џенингс.
Кога стигнале во домот на бараниот, мажот во предниот двор отворил оган. Полицајците потоа пукале и го убиле напаѓачот. Но, од куќата биле испукани и дополнителни истрели.
Полицијата потоа успеала да го обезбеди објектот и да уапси две лица во куќата. Тие сега се на распит и се сметаат за лица од интерес.
За време на операцијата биле застрелани осум полицајци, рече Џенингс. Тројца им подлегнале на повредите, а еден е во критична состојба.
Ново на Сител
-
Јапонската туристка што падна кај Канео во стабилна состојба
-
Пожарот во Визбегово локализиран, ЦУК бара решавање на проблемот со дивата депонија
-
Мицкоски: Судот утврди дека Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против мене
-
Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, се чека од 30 до 45 минути
-
Иран го забранува Старлинк, се заканува со затвор и камшикување за корисниците
-
Пожар кај селото Јосифово, побарана воздухопловна поддршка
-
13-годишник со нож го прободел својот малолетен роднина
-
Тешко повреден возач на електричен тротинет, удрил во отворена врата на запрено возило