Свет
17. August 2024 - 8:48

Најмалку шест лица загинаа при израелски напад врз јужен Либан

Најмалку шест луѓе загинаа, а тројца се повредени при израелски напад врз станбена зграда во градот Набатие, јужен Либан.

Во регионот изминатите недели зголемени се тензиите по смртоносниот напад на Голанската Висорамнина, за кој Израел го обвини Хезболах.

Израел одговори со убиство на висок командант на Хезболах во предградие на Бејрут.

Хезболах и Иран се заканија со одмазднички напад врз Израел поради атентатот на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија во Техеран.