-->
-->
Најмалку шест лица се повредени во напад на украински беспилотни летала врз областа Липецк во Русија
-->
Најмалку шест лица се ранети во нападот со украински беспилотни летала врз областа Липецк во Русија, а во регионот е прогласена вонредна состојба, изјави утрово регионалниот началник Игор Артамонов.
Артамонов на Телеграм напиша дека жители утринава биле евакуирани од делови на регионот Липецк по напад на украински беспилотни летала што предизвикале експлозии и прекини во снабдувањето со електрична енергија, откако бил оштетен објект на енергетската инфраструктура.
Тој прецизираше дека се евакуирани четири села, од кои некои се наоѓаат во близина на воздухопловната база. Руски медиуми јавија дека украинскиот напад бил извршен со повеќе од 30 дронови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар
-
Сквернавење на гробишта
-
Мицкоски: Народот е желен за правда, затоа може да протестира против Судски
-
Уставен спремен за подготвителната седница – домашни и странски експерти ќе дадат оценка за Законот за јазици
-
Бугарија испрати политичка порака деке не е заинтересирана за железничко поврзување со Македонија
-
Политичкиот притисок врз ССМ ќе се одрази во извештајот за напредокот на Македонија