Најмалку осум американски телекомуникациски компании и десетици земји биле погодени од кинески хакерски напади
– Најмалку осум американски телекомуникациски компании и десетици земји беа погодени од кинески хакерски напад, изјави заменик-советничката за национална безбедност во Белата куќа, Ен Нојбергер.
Таа соопшти дека како резултат на хакерскиот напад, протекле лични пораки и телефонски записи на непознат број Американци. Според американските власти, хакерите имале пристап и до комуникациите на високи владини функционери и истакнати политички личности.
– Не веруваме дека некаква доверлива информација била компромитирана, изјави Нојбергер.
Таа истакна дека релативно малку луѓе биле цел на нападот, така што протекле релативно малку телефонски повици и СМС пораки. Нојбергер додаде дека сите засегнати компании одговориле на нападот, но ниту една сè уште „целосно не ги отстранила кинеските учесници од тие мрежи“.
– Така што, постои ризик од континуирано компромитирање на комуникациите.
Додека американските компании не ги решат празнините во кибер-безбедноста, Кинезите најверојатно ќе го задржат пристапот, рече Нојбергер.
Таа рече дека американскиот претседател Џо Бајден бил информиран за хакерските напади и оти Белата куќа „и го поставила како приоритет на федералната влада да стори сè што е можно за да дојде до оние што стојат зад нападите“.
Кинеската Амбасада во Вашингтон ги отфрли обвинувањата дека има некаква врска со хакерските напади.
Ново на Сител
-
Во првиот квартал за 4,8 проценти намален прометот од продажба на услуги, зголемување во одделот Туристички агенции и туроператори
-
Трамп: Го повикувам Иран на преговори пред да биде предоцна
-
Влада: Обезбедени 50 милиони денари за нови средношколци во дуално образование
-
Интервенција на српската полиција пред Собранието на Нови Сад
-
Заедничка изјава на Г7: Иран никогаш не смее да поседува нуклеарно оружје
-
Трамп повикува на евакуација на Техеран, конфликтот меѓу Израел и Иран влегува во петтиот ден
-
По вчерашната серија, ноќеска регистриран уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион
-
Продолжува работната посета на Сиљановска-Давкова во Тирана