Најмалку девет лица загинале во силното невреме во САД
Најмалку девет лица погинале, а повеќе од 1.000 летови се откажани, стотици илјади лица останаа без струја во седум американски сојузни држави, кога бурата, што со себе донесе снег, замрзнат дожд и град, ги погоди подрачјата од Тексас до Мичиген.
Националната метереолошка служба соопшти дека додека бурата се движела од Тексас, преку југоистокот на САД и Големите езера до Мејн, на крајниот североисток на земјата, вчера и завчера биле регистрирани налети на ветрот со сила на ураган, град со големина на топче за голф и височина на снегот од пет до 13 сантиметри, пренесоа британските медиуми.
Околу 200.000 домови и фирми ширум Тексас, Луизијана, Мисисипи, Арканзас, Тенеси, Илиноис и Мичиген останале без струја, покажуваат податоците на сајтот PowerOutage.us.
На Меѓународниот аеродром во Чикаго се откажани или одложени најмногу летови, околу 1.000, наведува сајтот flightaware.com.
Според наводи на меторолози, во торнадата се оштетени или уништети згради во Арканзас и Мисури.
Ново на Сител
-
АМСМ: Камионите се пренасочуваат од Блаце, има проблем со терминалот
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба