Свет
22. November 2015 - 9:03

Најмалку 90 жртви при лизгање на земјиште во Мјанмар

Најмалку 90 луѓе загинаа во лизгање на земјиште во близина на рудник во севрениот дел од Мјанмар, соопштија властите.

Само една жена е извадена жива од спасувачките тимови.

Трагичниот инцидент се случи вчера во близина на градот Хпакант во државата Качин. Под земја се десетици домови на локални рудари. Засега не е соопштено ништо за причините за лизгањето на земјиштето.