Најмалку 57 лица починаа во Газа од неисхранетост
Најмалку 57 лица, главно деца, починаа од неисхранетост во Појасот Газа од почетокот на израелската офанзива на 7 октомври 2023 година, изјави денеска директорот на теренските болници во Газа, Марван ал-Хамс.
– Бројот на смртни случаи поврзани со неисхранетост продолжува да расте поради тековната израелска блокада и речиси колапсот на здравствениот сектор -рече Ал-Хамс.
Тој истакна дека мнозинството жители страдаат од анемија поради лоша исхрана и недостиг на основни залихи на храна, а теренските болници се сведоци на зголемен број случаи на анемија кај дарителите на крв, што ги попречува службите за Итна медицинска помош.
Ал-Хамс, исто така, предупреди дека пациентите со хронични заболувања, вклучувајќи рак и откажување на бубрезите, „умираат тивко“ поради недостиг на третман и специјализирана грижа.
– Повредените и хронично болните имаат потреба од итна грижа што повеќе не можеме да ја обезбедиме – рече Ал-Хамс, истакнувајќи дека само неколку теренски болници сè уште работат, главно управувани од волонтери.
Во меѓувреме, владината канцеларија за медиуми, управувана од Хамас, го обвини Израел дека користи глад како оружје против цивилното население.
Израел го запре влезот на стоки и залихи во Газа на 2 март по истекот на првата фаза од договорот за прекин на огнот со Хамас од јануари. Втората фаза сè уште не е спроведена поради недостиг на консензус меѓу страните.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница