Најмалку 44 загинати при напади врз упориштето на ИД во Сирија
Најмалку 44 лица загинаа, а околу 60 се ранети денеска при воздушни напади врз сирискиот град Рака, престолнина на самопрогласениот „Исламски Калифат“ од страна на џихадистчката група Исламска држава.
Според Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, како што јави ДПА, меѓу загинатите 39 се цивили, од кои пет деца, а само петмина се припадници на ИД.
При нападите биле погодени неколку објекти, меѓу кои и болница и воен камп на ИД.
Директорот на Центарот, Рами Абдел Рахман изјави дека засега не се знае кој ги извршил воздушните напади врз Рака, кој се нааоѓа во североисточниот дел на Сирија.
- Знаеме дека тоа не биле авиони на коалицијата предводена од САД, што значи дека се или сириски или руски летала, изјави Рахман, додавајќи дека од досегашните искуства што ги имаат „авионите на сирискиот режим немаат капацитети за извршување на вакви напади“.
Вчера во водушни напади врз Рака, извршени од „неидентификувани авиони“, загинаа 16 лица.
Ново на Сител
-
„Вратете ѝ ги боите на Фросина“ порачаа илјадници граѓани на масовниот протест
-
Заврши акцијата „Вардар“, приведени десет лица
-
Културните работници и уметниците во Србија најавуваат за утре блокада на Министерството за култура
-
Данска владее со светскиот ракомет: Историска четврта последователна титула
-
СП во ракомет: Франција ја освои бронзата во драматична завршница
-
Пандов: Затворски полицаец му овозможил на Јованов мобилен во притвор, поднесена е претставка и претстои суспензија
-
Вучиќ повика на разговори со универзитетските претставници „Што е можно поскоро“
-
Започна протестниот марш „Правда за Фросина“ кои го предводат нејзините родителите