Најмалку 22 лица убиени во Камерун, меѓу жртвите најмногу се деца
Најмалку 22 лица, меѓу кои и 14 деца, загинаа во напад во село во северозападен Камерун, соопштија Обединетите нации. Неколку жртви биле запалени живи, јави Би-Би-Си повикувајќи се на локалните медиуми. За сега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но опозицијата во Камерун ја обвинува армијата.
Владата во Камерун, која три години се бори против сепаратистите во регионот, негираше дека е поврзана со нападот. Официјален претставник на ОН за Би-Би-Си изјави дека меѓу жртвите има и бремена жена, како и 14 деца, од кои деветмина имале помалку од пет години.
– Луѓето со кои разговаравме се екстремно трауматизирани и не очекуваа ова да се случи. Се стравува дека ќе има уште насилства како ова, рече претставник на ОН.
Опозицијата во соопштение за нападот го обвини „диктаторскиот режим и безбедносните сили на Камерун”. Агбор Мбала, водач на сепаратистичкото движење, исто така посочи дека државните сили се одговорни за нападот, а воен функционер ги негираше обвинувањата, тврдејќи дека се лажни, јави Би-Би-Си.
Ново на Сител
-
ДИК треба да објави конечност на резултатите од претседателските избори и потоа да достави извештај до Собранието
-
ЕК: Србија и Косово ризикуваат да ги пропуштат средствата од Планот за раст поради недостиг од дијалог
-
Белата куќа „загрижена“ за Рафа, но се уште не гледа „голема“ израелска операција
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно и потопло со сончеви периоди
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа