Свет
8. February 2017 - 8:19

Најмалку 20 поврдени во торнада во американската држава Луизијана

Најмалку 20 луѓе се повредени во налет на торнада во југозападниот дел од американската држава Луизијана. Уништени се куќу и објекти, но засега нема информации за загинати, јавуваат американски медиуми.

- Без струја се повеќе од 10.000 домаќинства, изјави гувернерот на таа држава Џон Бел Едуардс. Најтешко е погодена истата зона која беше и погодена од поплавите и ураганот Катрина.

Едуардс вети итна помош од државата за погодените од ураганите. Властите во моментот прават проценка на штетите.