Свет
3. September 2022 - 17:53

Најмалку 20 луѓе загинаа при терористички напад во Сомалија

Најмалку 20 луѓе загинаа при синоќешниот напад на терористичката група Ал Шабаб во сомалиската провинција Хиран.    

Припадниците на Ал Шабаб нападнале конвој од четири камиони и три патнички минибуса, што биле придружувани од сомалиските власти и мировните сили на Африканска Унија што патувал кон главниот град на Хиран, Беледуеин.

Сомалиската армија соопшти дека Ал Шабаб во изминатите 48 часа ги интензивирала нападите врз цивили во Хиран и во соседната провинција Галгадуд. Под контрола на Ал Шабаб е голема територија во централна и јужна Сомалија.

Новиот сомалиски претседател Хасан Шеик Мохамуд вети голема операција за задушување на 15-годишниот бунт.