Најмалку 19 загинати во вчерашниот земјотрес во Јапонија
Најмалку 19 лица загина во вчерашниот земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди префектурата Кумамото на јужниот јапонски остров Кјушу.
Во истото подрачје во четвртокот беше регистриран потрес со јачина од 6,5 степени според Рихтер, при што загинаа десет лица.
Со ова како што соопшти синоќа главниот секретар на јапонската Влада, Јошихиде Суга, вкупниот биланс на загинати во двата земјотреси се искачи на 29 лица. Вкупно се повредени речиси 1.500 лица, од кои околу 80 се наоѓаат во критична состојба.
- Ве молам да се помагаме меѓусебно и да го задржиме мирот, изјави Суга на прес-конференција, која беше пренесувана во живо на речиси сите телевизии во земјата.
Тој најави дека во регионот погоден од земјотресот властите ќе испратат меѓу 15 и 20 илјади припадници на јапонската Армија, како и дополнителен број полицајци, пожарникари и медицински персонал, кои ќе се вклучат во спасувачките операции.
Ново на Сител
-
Приведен 42 годишник од Чегране, бил баран по потерница
-
Одложен натпреварот Виљареал – Еспањол поради опасност од поплави на стадионот
-
Бузалковски првиот Македонец кој ќе оди на 24 часа Ле Ман
-
Кремљ: Разговори меѓу Русија и САД откако амбасадите ќе бидат во функција
-
Киев разочаран по одлуката на САД да ја паузираат воената помош, украински пратеник вели - Не можеме поверуваме
-
Гувернерот Прокудин: Русите испраќаат војници во самоубиствени мисии да го преминат Днепар
-
АХВ: Засилени контроли за увозното овошје и зеленчукот за заштита од пестициди
-
МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки