Свет
14. February 2020 - 8:27

Најмалку 19 деца повредени во судир меѓу армијата на Мијанмар и бунтовници

Најмалку 19 деца се повредени кога основното училиште во кое се наоѓале било изложено на оган меѓу владините сили и етничката бунтовничка група во Ракин.

Етничка група позната како армија Аракан, составена од претежно будистичко мнозинство, се бори за поголема автономија во западен Мјанмар.

Од 19 повредени деца, едно е во критична состојба, а армијата ја обвини бунтовничката група за нападот.

Учениците се згрижени во локална болница