Свет
14. May 2021 - 13:36

Најмалку 12 жртви во експлозија во џамија во Кабул

Најмалку 12 лица загинаа во експлозија во џамија во близина на авганистанскиот главен град, соопшти локалната полиција.

Експлозијата се случи во џамија во провинцијата Кабул во Авганистан.

Инцидентот се случил за време на петочната молитва.

Според извор на кој се повикуваат локалните медиуми, експлозивите биле поставени во олтарот на верскиот објект. Меѓу жртвите е и едно верско лице.