-->
-->
Најмалку 12 загинати при двоен самоубиствен напад во Нигерија
-->
Најмалку 12 лица загинаа денеска при двоен самоубиствен напад во североисточниот дел на Нигерија, соопштија претставници на локалните власти.
Осум мажи и четири жени загинале во нападот, кој бил извршен на пазар во градот Биу, во државата Борно. Напаѓачите го активирале експлозивот кој го имале на себе во момент додека хуманитарни работници им раздавале храна на луѓето
Друг официјален претставник, повикувајќи се на болнички извори, изјави дека бројот на жртвите изнесува 15 лица, а 47 се повредени.
Се претпоставува дека за нападот е одговорна исламистичката група Боко Харам, која е активна во регионот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања