-->
-->
Најмалку 11 работници загинаа при уривање на кран на бродоградилиште во Индија
-->
Голем кран се урна за време на тест за оптоварување на државното бродоградилиште во јужниот индиски град Вишахапатнам, при што загинаа најмалку 11 работници.
На телевизиска снимка се гледа како новиот кран паѓа на земја на државното бродоградилиште „Хиндустан Шипјард“ во пристанишниот град Вишакхапатнам, во државата Андра Прадеш во јужна Индија.
Властите соопштија дека кранот се урнал врз работниците кои работеле на дигалката или биле во нејзина близина.
Петмина работници се хоспитализирани со повреди.
Во моментов се води истрага за несреќата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Чудотворната икона „Пресвета Богородица Троерачица“ донесена во Скопје
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог
-
Чудотворната икона Пресвета Богородица Троерачица донесена во Скопје
-
Модуларни болници прокиснуваат, скапи апарати со години неотпакувани!
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинетите не се чувствуваат виновни за убиствата на Вања и Панче, за Палчо случајот е политичка наредба
-
Апелација ја укина пресудата против Зекири
-
Се намалуваат цените на над 70 производи, Владата ја усвои есенската кошничка