Најмалку 10 загинати во самоубиствен напад врз религиозни лидери во Либан
Најмалку 10 лица загинаа од моќна експлозија во либанскиот град Арсал, на границата со Сирија, информира телевизијата „Ал Џазира“, цитирана од ТАСС.
Атентатор самоубиец крена во воздух автомобил во близина на зградата во која се одржувала средба на шеиците од Советот на улемите од Ал Каламун, сунитска исламска група која посредува во ослободувањето на членовите на либанските сили за безбедност, кои се киднапирани во август 2014 година од страна на сириската ќелија на „Ал Каеда“- Фронтот ал Нусра.
Во нападот е ранет лидерот на Советот на улемите од Ал Каламун, Осман Мансур, пренесе ДПА, повикувајќи се на извори од либанската полиција.
Во моќната експлозија убиени се најмалку петмина учесници на средбата на улемите и ранети се уште најмалку шестмина. Има и настрадани граѓани кои случајно минувале кај местото на нападот, наведува либанската национална информативна агенција.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци