Најголемиот европски производител на свинско месо најави масовни откази
Најголемиот европски производител на свинско месо, „Даниш краун“ (Danish Crown) најави укинување на 350 работни места во две фабрики во Данска. Причината е тоа што одгледувачите, под притисок од високите трошоци, ги намалија испораките на животни.
Во соопштението на данскиот производител се наведува дека поради војната во Украина, фармерите се принудени да плаќаат рекордно високи цени за енергија и добиточна храна. „Плаќањата на фармерите не го следеа темпото (на растот на цените), па испораката на свињи во „Даниш краун“ е значително намалена изминатите месеци“, појаснуваат од данската компанија.
Изминатите две години, „Даниш краун“ речиси секогаш имаше повеќе свињи, отколку што нејзините фабрики можеа да обработат. „Ситуацијата драматично се промени“, предупреди најголемиот европски производител на свинско месо
Ново на Сител
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час
-
Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност
-
Приведени двајца возачи во Тетовско за пребрзо возење
-
Змија на тераса во Карпош | ФОТО
-
Честитка од министерот за јавна администрација по повод Меѓународниот ден на трудот