-->
-->
Најдени остатоци од изгубениот авион: Пилотите исчезнале
-->
Остатоци од францускиот борбен авион „мираж 2000Д“ со два пилота пронајдени се во Мињовилар во областа Жир.
Авионот за време на снежната бура исчезнал недалеку од границата со Швајцарија, а по пилотите се уште се трага, јавуваат француските медиуми.
Се надеваме дека ќе ги пронајдеме живи. Зсега се водат како исчезнати-изјавил портпаролот на француските воздухопловни сили Сирил Дививие, на конференција за новинарите, пренесува Фигаро.
Дививие навел дека со пилотите не е воспоствен никаков контакт откако исчезнал авионот од радарите денеска претпладне и дека немало сигнали дека се катапултирале.
Според неговите зборови, не е активиран механизмот за катапултирање под седиштето.
Неименуван воен извор рекол дека само се знае дека се случило нешто невообичаено.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Фросина Кулакова е 22-годишната девојка усмртена кај „Силбо“
-
74-годишник со остар предмет се заканувал на соседи во Карпош
-
Поведена дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Скопје и еден јавен обвинител од истото обвинителство
-
Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог
-
Нови 1.878 случаи на грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Дебар
-
Општина Велес и годинава продолжува со исплата за новороденче по 3000 денари
-
Анкета на КСПС: Граѓаните ги оценија судските услуги со 3,1
-
Во источна Турција измерени минус 34 степени Целзиусови