Најавена предрегистрација на баратели на азил во Грција
Во Грција кон крајот на овој месец ќе почне предрегистрација на баратели на азил, кои се наоѓаат во прифатните центри, а кои пристигнале во земјата пред 20 март и сакаат да поднесат барање за меѓународна заштита во Грција, соопшти Европската служба за поддршка на баратели на азил (ЕАСО).
Предрегистрацијата, која ќе трае до крајот на јули, ќе ја спроведе Службата за азил со финансиска поддршка на Европската комисија, а УНХЦР и ЕАСО ќе ја поддржат во тој процес.
Предрегиострацијата е прв чекор кој треба да се примени за да се дојде до меѓународна заштита во Грција, а може да доведе и до разгледување на барања за меѓународна заштита од страна на грчките власти и потенцијално признавање на корисниците на меѓународна заштита, или префрлање во друга држава членка на ЕУ согласно Даблинските одредби или планот за прераспределба.
Оние кои сакаат да бидат предрегистрирани мора да бидат физички присутни во текот на процедурата, вклучувајќи ги сите членови на семејството, се додава во соопштението на ЕАСО.
Ново на Сител
-
Бројот на регистрации на нови автомобили во Европа со остар пад во јуни
-
До недела многу топло, до 43 степени
-
Орбан: Христијанските и конзервативните вредности не се спротивни на демократијата
-
Објектите за спорт во сопственост на државата управувани од јавно претпријатие кое законски престанало да постои во 2017 година
-
Шест студенти се удавија во рудник во Кина
-
Зеленски: Како одговор на предлогот за прекин на огнот, Русија продолжи со нападите врз цивилни цели
-
ЦУК: Пет активни пожари и четири под контрола
-
Приведен 42 годишник од Тетово, управувал возило со 1,94% промили алкохол во крвта