Џет-Сет
15. October 2015 - 16:29

Најавен „гол“ концерт на Мајли Сајрус

Американската пејачка Мајли Сајрус, која е позната по контроверзните настапи, најави шокантен концерт на кој таа, членовите на придружниот бенд и публиката ќе бидат „како од мајка родени“.

Веста за подготовките за „голиот концерт“ на Мајли го најавија членовите алтернативен рок бенд „Флејминг Липс“, кое веќе неколку месеци соработуваат со оваа поранешна ѕвезда на Дизни.

- Мајли планира да оддржи концерт каде таа, бендот (ние) и публиката ќе бидат целосно голи, цели полиени со млеко (односно некоја течност налик намлеко), напиша на Инстаграм фронтменот на групата Вејн Којн.

Којн не откри повеќе детали за ова случување, но рече дека настапот ќе биде снимен за потребите на видео спот.

Имајќи предвид дека законите забрануваат појавување на голи луѓе на јавни места, се претпоставува дека концерто ќе биде оддржан во некоја приватна сала.

Дваесет и двегодишната пејачка која себе си се опишува како „пансексуалка“, во август го издаде албумот „Miley Cyrus & Her Dead Petz“ на кој соработуваше со групата „Флејминг Липс“, позната по своите енергичните и екстравагантни настапи.