Наградени најдобрите на конкурсот „Млади поети“ на АМС
Анастасија Спировска, Елена Костовска и Алана Чаушоска, со едногласна одлука од Комисијата составена од Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ), се победници на годинашниот конкурс „Млади поети“ на Агенцијата за млади и спорт.
Со овој проект, како што истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, им се дава финансиска поддршка на најдобрите млади поети, се стимулираат да творат и нивното културно творештво да се пренесува до пошироката публика. Годинава обезбедени се три парични награди. Првопласираната ќе добие 15.000 денари, второпласираната 10.000 и третопласираната 5.000 денари.
- Најголемата награда за сите нив е оваа збирка поезија, која и оваа година ќе биде дистрибуирана до сите основни и средни училишта. Се надевам дека ќе може да ја дистрибуираме и со еден од дневните весници во Република Македонија, така што збирката поезија ќе биде достапна до пошироката публика, рече Спасески.
Тој додаде дека Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи со поддршка на младите и талентирани поети, кои се пред се средношколци, да продолжат да творат и своите дела да ги промовираат пред јавноста.
Претседателот на Комисијата за избор на најдобрите творби Кочо Топузовски информира дека трет пат, традиционално Агенцијата за млади и спорт и ДПМ го организираат конкурсот на кој околу 60-тина млади автори испратија 100 песни.
- Ние, како жири-комисија избрана од ДПМ имавме пријатна обврска да ги прочитаме творбите, песните и една поема на младите автори. Имавме конкурентни песни, конкурентна поезија и денес пред нас е оваа збирка поезија, рече Топузовски.
Поетесата Виолета Танчева-Златева, која беше дел од комисијата, истакна дека позитивната страна на овој проект е тоа што им нуди можност на младите, на некои од нив прв пат, да се појават во книга и да ги видат нивните стихови отпечатени.
- Во овој наплив на електронско пишување, се повеќе ја сфаќаме вредноста на пишаниот збор во книгата, рече Танчева-Златева.
Наградените и останатите млади поети, учесници на конкурсот, ги читаа своите стихови.
Ново на Сител
-
Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа
-
Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија
-
СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат
-
Времето утре претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
-
За денеска најавени над 1.200 протести против Трамп
-
Поведена постапка против малолетник осомничен за силување петгодишно девојче
-
Приведен 40-годишен скопјанец баран за издржување казна затвор
-
Лишен од слобода жител на село Голем Папрадник, пронајдена марихуана