Наградата за животно дело на „Мал битолски Монмартр“ за Арнаут Његош
Ликовниот педагог и сликар Арнаут Његош, роден во Босна и Херцеговина, кој живее и работи во Власеница, Република Српска, е годинaшен добитник на наградата за животно дело „Богомил Карлаварис“ што ја доделува меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“.
- Наградата за животно дело од минатата година се доделува во чест на професорот Карлаварис, осведочен и потврден вљубеник на „Мал битолски Монмартр” или како што уште го нарекуваа - новосадски битолчанец, пријател на Битола и на Македонија, истакна Коста Хаџи Антоновски, раководител на Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола.
Тој посочи дека ликовниот педагог Арнаут Његош е заслужен што секоја година многу деца од Босна и Херцеговина испраќаат ликовни творби или колекции, а пред неколку години за време на неговиот престој во Битола му е доделена наградата гран-при.
- Годинава одлучивме да му доделиме награда за животно дело, а предноста над останатите конкуренти за ова признание ја доби затоа што долги години е наш соработник и го заслужи празнанието, посочи Хаџи Антоновски.
Ликовниот уметник Арнаут Његош има голем сликарски стаж, како просветен работник со своите ученици добил голем број признанија и награди од сите страни на светот. Неговата омилена техника на ликовно изразување е масло на платно. Успешен е како иконописец, изработил повеќе иконостаси и слики кои красат многу домови и службени простории во многу градови и држави.
Меѓународното стручно жири на „Мал битолски Монмартр“ одлучи на светската изложба што ќе биде отворена на 23 мај во Битола да претстави 899 избрани ликовни творби, а за време на свеченото отворање ќе бидат доделени 367 награди во различни категории, како што се „Златна четка“, „Златна палета“, дипломи и наградата гран-при која годинава им припадна на учениците од Спишка Бела, Словачка.
Ново на Сител
-
Трамп: За две минути од разговорот со Путин ќе знам дали може да се постигне договор за војната во Украина
-
Трамп: Националната гарда ја презема контролата врз спроведувањето на законот во Вашингтон
-
Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море
-
Крозето: Владата на Нетанјаху ги изгуби разумот и човечноста
-
Повреда причина зошто Ѓоковиќ го пропушти Мастерсот во Торонто
-
Во јуни најмногу странски туристи од Турција
-
Макрон: Израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа е подготовка на катастрофа
-
Британскиот премиер ги поддржува напорите на Трамп за мир во Украина, но смета дека Киев мора да биде вклучен во преговорите