-->
-->
Надал по петти пат ќе игра во финалето на Мастерсот во Индијан Велс
-->
– Шпанскиот тенисер и 21-кратен Грен слем шампион Рафаел Надал ноќеска го победи Карлос Алкараз со 6:4, 4:6, 6:3 во полуфиналето на Мастерсот во Индијан Велс. Така Надал ја започна сезоната 2022 со 20 победи во низа и се избори за петто финале на престижниот турнир.
Воедно, Шпанецот стигна до 53-то финале на турнирите од серијата Мастерс и вкупно 129-то во кариерата.
За 92-та титула Надал ќе ги одмери силите со Тејлор Фриц.
Финалето е закажано за вечер во 23 часот по македонско време.
Како и да заврши финалето во Индијан Велс, од утре Надал повторно се враќа во ТОП 3 тенисери на светот. Тој од најдобрата тројка на АТП ранг-листата испадна во август минатата година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Членовите на Судски совет сами да си дадат оставка – Не се избрани да бидат скандал мајстори
-
Измените на Кривичниот законик утре пред Уставен – Околу 800 лица досега се спасиле од одговорност
-
Заклучоци од владина седница
-
Контакти со Бугарија се уште нема – Оптимизмот останува
-
Телефони во училница или не? Наставниците со поделени мислења
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет