Надал и Халеп не жалат што го пропуштија УС Опен
Рафаел Надал и Симона Халеп изјавија дека не жалат за нивната одлука да го пропуштат УС Опен и да се фокусираат на сезоната на земја, која започна денес во Рим.
Надал, кој има девет титули на земјените терени во италијанската престолнина, е рангиран под број 2 и ќе започне директно во второто коло против сонародникот и полуфиналистот на „Флешинг Медоус“ минатата недела, Пабло Карењо Буста.
Ова ќе биде прв натпревар за Тореадорот од Мајорка од февруари.
– Знам дека имам тежок прв противник, ќе биде тешко против Пабло. Но, ова ќе биде добар тест за мене. Јас сум желен да се вратам на турнирите, но немам големи очекувања, изјави Надал.
Деветнаесет-кратниот Гренд-слем шампион ќе почне да ја брани титулата „Ролан Гарос“ на крајот на септември, но изрази загриженост за зголемениот број на лица заразени со Ковид-19 во Франција неодамна.
– Мислам дека мојата одлука да го пропуштам Отвореното првенство на САД беше вистинска од здравствена гледна точка. Јас сум многу помирна од себе дека не патував. Загрижена сум за тоа што се случува низ целиот свет (поради ширењето на коронавирусот), но во Рим се чувствувам безбедно, рече Романката.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток