Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина
Достапните здравствено осигурувања во САД, „Медикеар“ и „Медикејд“, од наскоро ќе опфаќаат и бесплатни лекови против зголемена телесна тежина, јавија синоќа од Белата куќа.
Осигурувањето ќе покрива лекови чија цена надминва 1.000 долари.
- Овој предлог ќе им овозможи на Американците и нивните лекари да одредат најдобар начин за прогрес во водењето поздрав начин на живот, без да се грижат за можноста да сносат трошоци за вакви лекови. Истовремено ќе се намалат трошоците за здравство во нашата земја, се наведува во изјавата на претседателот Џо Бајден.
Во документот не се прецизираат лековите што ќе ги покрива осигурувањето, ниту за кого точно ќе бидат достапни. Исто така, не е познато дали Бајден ќе успее да го одобри новото правило пред да замине од функцијата во јануари 2025 година.
Моментално, цената на лековите против дебелина, како што се Wegovy и Zepbound, изнесува околу 1.350 долари за четиринеделен третман. Само неколку приватни осигурителни компании делумно ја покриваат нивната цена. Новото правило ќе ги направи овие лекови достапни за милиони Американци.
- Според проценките, 42 отсто од населението во САД страда од дебелина, која сега е широко призната како хронична болест со зголемен ризик од смртност и бројни придружни болести, како што се дијабетис, кардиоваскуларни заболувања, мозочен удар, некои видови рак и многу други, се вели во изјавата на Белата куќа. Се истакнува дека лековите не само што помагаат во губење на прекумерна тежина, туку и во спречување на развој на дијабетес од втор тип.
Во моментов, програмите Medicare и Medicaid покриваат користење на лекови против дебелина за лица кои имаат дијабетес. Новото правило ќе го прошири бројот на луѓе на кои лекарите ќе можат да им препишуваат овие лекови. Ова се однесува на 3,4 милиони корисници на програмата Medicare и 4 милиони на програмата Medicaid.
Белата куќа, исто така, потсети на спроведувањето на сеопфатната програма за намалување на цената на лековите, со старт на примена од 2025 година. Во изјавата се споменува дека, според Министерството за здравство и социјални услуги (HHS), лековите против дебелина се многу поскапи во САД отколку во странство.
Ново на Сител
-
Мицкоски на поставување камен темелник за изградба на трговски центар во Гевгелија
-
Двајца пилоти на американската морнарица соборени во „пријателски оган“ над Црвеното Море
-
Во Сенатот на САД поднесен предлог-закон за санкции против Турција поради Сирија
-
Кина го нарече Тајван „црвена линија“ и ја осуди новата американска воена помош за островот
-
Сончево со мала до умерена локална облачност, од понеделник врнежи од снег
-
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози и наместа со остатоци од кашест снег
-
Осомничениот за нападот во Магдебург дејствувал сам, соопшти полицијата
-
Рама: Тик Ток повеќе нема да постои во Република Албанија