Над 90 лица загинаа во железничка несреќа во Индија
Најмалку 91 лица загинаа, а над 120 се повредени во денешната железничка несреќа што се случи во северниот дел на Индија, соопшти полицијата.
- Билансот на жртвите се искачи на 91, изјави Далџит Синг Чаудари, шеф на полицијата на државата Утар Прадеш.
Несреќата се случила кога 14 вагони од патничкиот воз излетале од шините во близина на селото Права, во близина на индустрискиот град Канпура, додека поголемиот број патници спиеле. Возот сообраќал на линијата Патна - Индоре.
- Спасувачките екипи го пребаруваат местото на несреќата за да проверат дали има заглавени патници во тешко оштетените вагони, посочи Чаудари.
Железничката мрежа во Индија, една од најстарите во светот, и понатаму е главно превозно средства на подолги дестинации, но слабо се одржува и тешките несреќи се случуваат релативно често.
Ново на Сител
-
СДСМ: Зошто началничката на кочанската полиција не е опфатена со истрагата?
-
Судски не ја разгледал пресудата на Управен за уставната судијка Дуковска
-
Мицкоски: Не ме изненадуваат бугарските позиции
-
Јаневска: Контролите се засилени – учениците да не се обидуваат да препишуваат
-
Измени на Законот за работни односи
-
Неколку кандидати се борат за кандидатурата за Град Скопје во ВМРО-ДПМНЕ
-
80 години Државен завод за статистика
-
ВРЕДИ: 400 нови пожарникари