Над 500 медицински сестри во Словачка дадоа откази
Врз основа на групни откази, од словачките медицински установи ќе заминат 540 медицински сестри, соопшти министерот за здравство на Словачка, Вилијам Числак.
Како што јави дописникот на МИА, според Словачката комора на медицински сестри од денеска им престанува работниот однос на 602 сестри, други 122 тоа ќе го сторат во март.
Според порталот на чешкиот весник „Хосподарске новини“, групните откази се во знак на протест против новиот Закон, кој не предвидува зголемување на платата за цел медицински персонал и не прави разлика во тоа кој колку годишно работно искуство има.
- Човечки, многу ми е жал. Сестрите ги напуштија своите пациенти и тоа прв пат во историјата на Словачка. Но, здравствената заштита за сите пациенти е обезбедена, изјави Числак.
Дел од медицинските установи, иако тврдат дека имаат над 60 процентна функционалност, побарале стручна помош од словачката војска.
Според словачките власти, во земјата има вкупно 13.000 медицински сестри.
Сестрите, за кои се тврди дека ќе немаат проблем да најдат работа во Чешка и Германија, добија поддршка и од лекарскиот персонал.
Овие настани му создаваат проблем и на актуелниот премиер Роберт Фицо, кој уште минатата недела вети разговори за поголеми плати на медицинските сестри, пред парламентарните избори кои земјата ја очекуваат во март.
Ново на Сител
-
Се зголемува интересот за тутунот кај нас, Македонија втора во светот по Турција за производство на ароматичен тутун
-
Детектирање на проблемот со булингот
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсени поранешни и сегашни функционери – истрагата за Кочани се проширува
-
Пуштен системот за заедничка гранична контрола на ГП Долно Блаце – Елез Хан
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови