Балкан
8. July 2016 - 8:26

Над 43 илјади азиланти се уште не се вратени во Косово

Над 43 илјади изнесува бројот на Косовците азиланти кои се уште не се вратени од западно европските земји, по масовното заминување од земјата кон крајот на 2014 и почетокот на 2015 година.

До сега, според „Коха диторе“, бројот на оние кои се вратиле назад е околу 23 илјади и оти реадмисијата продолжува со просечно по илјада Косовци месечно.

- Само во текот на 2015 година вратени се над 16 илјади лица, додека во 2016 вратени се над шест илјади, од кои 3.390 насилно, изјави Ваљон Красниќи, директор на одделот за државјанство, азил и миграција при косовското Министерство за внатрешни работи.

Според него нема точни податоци за бројот на косовски граѓани кои во овој период го напуштиле Косово.