Над 33.000 загинати во земјотресите во Турција и Сирија
Повеќе од 33.000 луѓе загинаа во Турција и соседна Сирија по земјотресите на 6 февруари со епицентар во јужната турска област Кахраманмараш.
Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби на турската влада (АФАД) денеска соопшти дека бројот на загинати во Турција се искачи на 29.605. Според оваа служба, повеќе од 92.600 луѓе се повредени.
Бројот на загинати во областа под контрола на бунтовниците во северозападна Сирија се искачи на 2.166, според спасувачката група „Бели шлемови“. Вкупниот број на жртви во Сирија заклучно вчера изнесуваше 3.553, иако официјалниот број на загинати од 1.387 лица, пријавен за областите во земјата контролирани од владата, е непроменет со денови.
Турската Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби извести дека 147.934 лица се евакуирани од региони погодени од земјотресите, објави Дејли Сабах.
Потпретседателот Фуат Октаи рече дека 32.071 тимови за пребарување и спасување работат во 10-те погодени окрузи.
Ново на Сител
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие
-
Поскапува парното во Скопје - РКЕ донесе одлука за зголемување на цената за 5 отсто
-
Од понеделник парите од Унгарскиот кредит достапни за фирмите
-
Граѓаните на протест на Партизанска бараат одговорност од обвинителствтото и судството