Над 240.000 протестанти во Варшава против антиевропската политика на конезарвативната Влада
Над 240.000 лица денеска учествуваа во протестот во центарот на Варшава за зачувување на местото на Полска во Европа, кое според нив е доведено под прашање со политиката на конзервативната Влада, информира канцеларијата на градоначалникот на полската престолнина, цитирана од француските медиуми.
Ова е еден од најголемите демонстративни настани во Полска по падот на комунизмот, во 1989 година.
Протестот се организира под мотото „Ние сме и ќе останеме во Европа", а беше организиран само неколку дена по одбележувањето на 12-годишнината од приклучувањето на Полска кон ЕУ, забележаа американските медиуми.
Иницијатори на протестот се опозициската партија Граѓанска платформа и граѓанската организација Комитет за заштита на демократијата, попозната во Полска како КОД.
КОД беше формирана во ноември, непосредно откако партијата Право и правда ја презеде власта во земјата и презеде чекори кои доведоа до намалување на надлежностите на Уставниот суд. Овие чекори беа искритикувани од ЕУ и Советот на Европа, но и од организацијата за заштита на правата на човекот, според која Владата во Варшава го поткопува владеењето на правото со централизација на власта.
Малку пред тоа во Варшава имаше контрапротест на националистите и католиците за поддршка на партијата Право и правда, но тој беше доста помалуброен.
Двата настана се совпаднаа со традициналната „парада Шуман“, организирана по повод „Денот на Европа“
Ново на Сител
-
Ден на народното востание
-
Врачување на државната награда „11 Октомври“
-
За време на продолжениот викенд автобусите од јавниот градски превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
Во израелските воздушни напади врз Бејрут загинаа најмалку 22 лица
-
Хутите нападнаа бродови во Црвено Море и во Индиски Океан
-
Променливо облачно со повремен дожд
-
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози, без подолги задржувања на граничните премини
-
Роналдињо стана косопственик на американски клуб