Над 140 загинати во налет на циклон во Зимбабве (ВИДЕО)
Африканските држави Мозамбик, Зимбабве и Малави денеска ги погоди страшен циклон кој одземал повеќе од 140 човечки животи, стотици лица се сметаат за исчезнати, а илјадници луѓе се отсечени од светот, главно во руралните средини.
Официјални претставници од владите на овие земји и ОН соопштија дека повеќе од 1,5 милиони луѓе биле погодени од циклонот Идај во овие три африкански земји, објави агенцијата АП.
Најголем удар претрпел пристанишниот град Бејра во Мозамбик. Аеродромот е затворен, нема електрична енергија, а стотици домови се уништени. Циклонот го погодил градот во четвртокот навечер и продолжил на запад кон Зимбабве и Малави, предизвикувајќи голема штета, особено во источните делови кои се граничат со Мозамбик.
Во бурата се уништени голем број куќи, училишта, болници, канцеларии и полициски станици, пренесуваат светските медиуми
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи