Над 1000 новозаразени со Ковид-19 дневно, активни 21.797 случаи

Болниците се уште располагаат со слободни кревети. Заклучно со вчерашниот ден, во ковид центрите низ државата има околу 150 празни болнички кревети.
Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека во болниците низ државата вкупно се лекуваат 1 340 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Во ковид центрите во Скопје вчера беа хоспитализирани 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а се лекуваат вкупно 510 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. Вкупно 24 оздравени пациенти беа пуштени дома во текот на вчершаниот ден.

Надлежните појаснуваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Од Министерството за здравство наведуваат дека се во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Потенцираат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.
Од почетокот на епидемијата, вкупно има 72044 дијагностицирани лица со ковид. Досега оздравеле 48170 пациенти, а вкупната бројка на починати е 2077.
И во вчерашната статистика на Министерството за внатрешни работи беа евидентирани прекршоци за мерката за носење заштитна маска на лице, односно по тој основ се изречени 697 прекршоци.
Инспекторатите, пак, кои редовно регистрираат угостителски објекти кои работат по 21 часот и со повеќе гости на маса од дозволеното, најавија засилени инспекции во тек на празниците за да се спречат евентуални прослави, односно групирања на луѓето.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари