Нацрт текстот на Предлог законот за енергетика е подготвен и ќе биде јавно објавен
Нацрт текстот на Предлог законот за енергетика е подготвен и денеска ќе биде објавен заради вклучување на пошироката јавност, која ќе има можност во текот на идната недела на стручни јавни расправи да даде свое мислење и придонес во креирање на финалниот текст, информира денеска Министерството за економија.
Предлог законот ќе биде објавен на електронската страница на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија ЕНЕР www.ener.gov.mk и на веб страницата на Министерството за еконимија www.economy.gov.mk.
Во соопштението Министерството за економија, потсетува дека потребата за носење на нов закон за енергетика произлегува од обврската која Република Македонија ја има од третиот пакет директиви/регулативи за енергетика на Европската Унија, како држава потписник на Договорот за воспоставување на Енергетската заедница, со кој се преземени бројни обврски, меѓу другото и за усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ.
Ново на Сител
-
Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија
-
Трамп: Нуклеарното оружје е монструм што може да доведе до крај на светот
-
Поради сообраќајка на патот Ресен - Битола возилата се пренасочуваат по стариот пат
-
Израел ќе престане да испорачува струја за Појасот Газа
-
Во Албанија се очекува дијаспората да има влијание на изборите на 11 мај, за гласање регистрирани 246 илјади албански граѓани во странство
-
Мицкоски: „Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог
-
Се запалил автомобил на Бит Пазар, нема повредени
-
20-годишен скопјанец нападнат по недоразбирање во сообраќајот