Национален бизнис форум – Скопје 2019
Претприемачи од Македонија, Бугарија, Хрватска, Албанија, Косово и Србија ќе учествуваат на на денешниот Националниот бизнис форум – Скопје 2019, во организација на Здружението „Обединети бизнис клубови“ (ОБК).
Повеќе од 300 учесници ќе разговараат на темата „Европски фондови и програми за економски развој на Република Македонија“. Посебен акцент ќе биде ставен на поддршка на развојот на земјоделството, туризмот, општините и малите и средни претпријатија.
Веселин Халачев, претседател на ОБК, вели дека е форумот што тие како најголема невладина организација која поддржува мали и средни бизниси во Бугарија, го организираат во Скопје е показател за одличните односи меѓу двете соседни земји и помеѓу нашите бизниси.
Европските фондови и програми во 2020 година, како и оние за периодот 2021-2027 година, новите услови и финансиски инструменти за поддршка на деловните субјекти и општините, се некои од прашањата што ќе се дискутираат на форумот. Повеќето од овие средства се управуваат директно од Европската комисија, за кои се аплицира директно во Брисел, а Република Македонија е квалификувана земја за многу од нив, велат од ОБК.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава