Ракомет
9. August 2024 - 11:52

Начевски и Николов ќе судат полуфинале на Олимписките игри

Македонските судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија нова задача на Олимписките игри во Париз, ќе судат полуфинален натпревар.

Македонците ќе ја делат правдата на мечот меѓу Германија и Шпанија кој се игра денеска од 16:30 часот. За нив ова ќе биде петти натпревар на игрите.

Интересно, Николов и Начевски на овие Олимписки игри веќе судеа дуел меѓу Германија и Шпанија, тој беше во групната фаза. Германците победија со 33-31.

Начевски и Николов претходно ги судеа натпреварите Данска - Норвешка, Хрватска - Словенија, Унгарија - Египет и Шпанија - Германија.