На вториот ден од Егзит полицијата пронајде дрога кај 53 лица
Полицијата на вториот ден од музичкиот фестивал Егзит во Нови Сад заплени разни видови наркотици од 53 лица против, кои ќе бидат поднесени кривични пријави, јави дописникот на МИА.
Припадниците на МВР во вториот ден од Егзит запленија различни видови наркотици од вкупно 53 лица, а 19 лица се уапсени, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во него се додава дека кај приведените лица била пронајдена помала количина марихуана, кокаин, екстази како и други психоактивни супстанции.
Според соопштението, кај 46 лица дрогата е пронајдена на подрачјето на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, каде се одржува фестивалот. Против сите осомничени ќе бидат поднесени кривични пријави, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело неовластено држење опојни дроги. Полицијата на првиот ден од фестивалот Егзит кај 34 лица запленила повеќе од шест килограми различни видови наркотици.
Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Нови Сад, по наредба на министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, продолжуваат со интензивирање на контролата на просторот каде што се одржува фестивалот Егзит.
Ново на Сител
-
ОЈО поднесе обвинение против две лица за спречување новинарска екипа да известува
-
Модриќ потпиша за Милан
-
На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев
-
Возел 197 на место каде дозволено е 80, приведен 29 годишен битолчанец
-
Страшни поплави низ Њујорк, во Њу Џерси прогласена вонредна состојба
-
Работна посета на министерот Муцунски на Обединетото Кралство
-
Претрес во Радовиш, пронајдена дрога
-
Потпишување на грант-договор со ЕБРД