-->
-->
На Табановце спречен шверц на 120 килограми режан тутун
-->
Цариниците од граничниот премин Табановце – автопат ноќеска по полноќ спречија обид за шверц на 120 килограми режан тутун.
- Околу 02:30 часот после полноќ на излез од Македонија на граничен премин Табановце - автопат пристигна товарно моторно возило со српски регистарски таблички, управувано од српски државјанин со иницијали Д.М. Поради сомневање во изјавата на возачот дека нема ништо да пријави за царинска контрола, а согласно критериумите за анализа на ризик, извршена е детална контрола на возилото и при тоа во внатрешниот дел на кабината на горниот кревет под душекот се пронајдени 120 паковки од по 1 кг. режан тутун, соопшти Царинската управа.
Стоката е привремено одземена, а против сторителот е почната соодветна постапка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции
-
Македонија на венециското биенале
-
Зелено претприемништво за млади
-
Преглед на вестите од светот
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација