На судењето за нападот врз Села сведочи поранешниот пратеник Алекснадар Стојкоски
- Денешното судско рочиште за нападот врз пратеникот Зијадин Села во Собранието на Македонија на 27 април лани, почна со давање исказ на сведокот Алекснадар Стојкоски, доктор од Клиниката за радиологија во Скопје, кој е сведок на Обвинителството.
На прашање од обвинителот Дарко Јакимовски дали на критичниот ден во Собранието, Стојкоски рече дека бил во собранискиот клуб на пратеници каде се задржал 15 минути.
Стојкоски рече дека е поранешен пратеник и добро му е позната структурата на Собранието. Бил случајно на поминување во Собранието и тој ден не бил на протести. Кога излегол од клубот на пратеници го видел Зијадин Села како лежи на земја пред скалите, а околу него имало група луѓе кои како стампедо се движеле околу него.
Во првиот момнет сведокот рече дека бил шокиран и се повлекол, но кога го видел Ацо Јаневски - Тошта како ги раздвојува луѓето околу Села, а тоа го охрабрило и тој да пристапи и да помогне во раздвојувањето. Села бил во бесознание без движења. Стојкоски рече дека се сеќава оти го тргнал и се обидел да го смири обвинетиот Кире Ѓорѓиевски.
Рече дека не може да каже дека Кире го напаѓал Села, затоа што не видел директен напад. Сведокот кажа и дека дека не видел никој од обвинетите дека врши директен напад врз Села. Стојкоски додаде дека помогнал Села да биде внесен во клубот на пратениците каде во моментот било најбезбедно. Таму му пружил прва помош. Села имал повреди на главата - лицето. Го прегледал по телото да види дали има други повреди или убодни рани. Побарал од присутните да му донесат мраз, по што Села се освестил и пробал да ги отвори очите. Стојкоски со цел да му го сокрие идентитетот заедно со присутните му облекле дуксер со цел да го изнесат од собраниската зграда.
Стојкоски сведочеше дека со обвинетиот Ацо Јаневски Тошта и други лица вработени во Собранието го однеле прво до бифето, а потоа и надвор од Собранието.
По Стојкоски денеска во Судот треба да сведочат и новинарот Горан Трпеноски и Бојан Василевски вработен во Собранието.
Ново на Сител
-
Директорот Бурим Љатифи го пушти во работа новиот трансформатор во ТС Битола 2: Клучен чекор за енергетска стабилност
-
Трудо поднесе оставка како лидер на партијата, но ќе остане премиер додека партијата не избере негов наследник
-
Откажани 1.339 летови низ САД поради невремето кое донесе обилен снег
-
ЗНМ: Запалено возило на новинарка
-
Сиљановска-Давкова: Божиќ е симбол на животот, љубовта, почитта и солидарноста
-
Опожарени четири автомобили во пожар во автосервис во Сарај
-
Малолетник завршил со повреди, откако со другар влегле во двор во скопско Студеничани и одврзале куче кое ги нападнало
-
Честитка од Минчев по повод Бадник: Солидарноста и поддршката се темел на нашето општество