На средбата на Бајден со лидерите на ЕУ ќе се разговара и за Западен Балкан
Западен Балкан ќе биде една од темите на средбата на американскиот претседател, Џо Бајден, со лидерите на ЕУ следната недела во Брисел, пренесува РТС, повикувајќи се на европски дипломатски извори.
– САД и ЕУ ќе го зајакнат својот заеднички ангажман на Западен Балкан, вклучително и дијалогот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина и поддршката за клучните реформи во рамките на европската интеграција – се наведува во нацрт-заедничката декларација што може да се промени до состанокот на претседателот, Џо Бајден со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лeјен, на 15 јуни во Брисел.
Меѓу бројните прашања на агендата на првата посета на претседателот Бајден во Европската Унија, Западен Балкан ќе биде една од темите за која Брисел и Вашингтон ќе ја нагласат потребата од подобра соработка и координација, дознава РТС.
– САД очекуваат ЕУ да го преземе водството на Балканот, кога станува збор за дијалогот меѓу Белград и Приштина, но и целокупната политика на проширување, со активна поддршка од Вашингтон – наведуваат дипломатските извори во Брисел и додаваат дека САД ја охрабрува ЕУ конечно да ги отвори преговорите со Северна Македонија и Албанија, имајќи предвид дека кредибилна политика на проширување на ЕУ е исто така во американски стратешки интерес.
За разлика од ЕУ, чии пет земји-членки не ја признаа независноста на Косово, претставниците на САД посочуваат дека сеопфатното решение во дијалогот меѓу Белград и Приштина треба да доведе до заемно признавање.
– Иако има некои разлики во ставовите на Брисел и Вашингтон кон регионот, администрацијата на претседателот Бајден го дели зголемениот интерес на ЕУ за прашањата на владеењето на правото и слободата на медиумите на Западен Балкан – наведуваат во Брисел.
Главната цел на првата посета на претседателот, Џо Бајден на Европа од почетокот на неговиот мандат ќе биде „обновување на трансатлантското партнерство“ и создавање на заедничка агенда за постпандемискиот период.
Во нацрт-заедничката декларација се зборува за соработката во областите на борбата против ковид-19, економското закрепнување и борбата против климатските промени, односите со Русија и Кина и заедничкиот став против поткопување на демократијата во светот.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп