Џет-Сет
9. January 2017 - 10:57

На Шабан Шаулиќ му забиле нож во грб, течело крв на сите страни

Шабан Шаулиќ во последните денови на декември бил зафатен со снимањето на новите емисии на „Пинкови ѕвезди“ во кои од него сите очекуваа многу. Неретко може да се слушне дека Шабан ја држи гледаноста на оваа емисија. Шаулиќ неодамна открил застрашувачка прикаказна која му се случила на крајот од 90-тите години во Винеа. 

- Кога завршив со еден од настапите во еден ресторан во Виена, не отидов со автомобил до станот каде бев сместен, ниту некој ме пратеше бидејќи сместувањето беше во близина. Потоа на еден дел од тој пат одеднаш настана мрак и само една рака ме повлече. Почуствував како некој ми заби нож во грбот, но буквално и продолжија да ме бодат, но за среќа дојдоа до нервот, имав во тоа време силни мускули бидејќи тогаш тренирав. Крв лиееше од сите страни. Подоцна се појавија уште двајца, нормално од шок не им ги видов лицата, ниту можев бидејќи беше мрак. Еден ми удри бокс во лицето, потоа побегнаа. Ме оставија да лежам во локви крв. Јас собрав сила и стигнав некако до станот. Таков крвав и болен, минав 70 скали. Капутот ми беше  натопен во крв. Откако влегов во станот повикав една пријателка, која престојуваше во близина и, и раскажав накратко што се случило. И реков во тој момент дека најверојатно нема да пеживеам и веројатно немаше доколку Брзата помош не стигнеше на време, се потсетил Шабан на тој ужасен момент од неговиот живот.