На Попова Шапка снежна покривка од 83 сантиметри
Најстудено изутрина е на Попова Шапка каде во седум часот се измерени минус шест степени и има снежна покривка од 83 сантиметри. Во Маврови Анови се регистрирани минус четири степени, Лазарополе и Крушево минус три, Берово минус два, Крива Паланка минус еден, нула степени во Тетово, Прилеп, Штип, Струмица, Виница, Дебар, Претор, еден степен над нулата во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Битола, два во Охрид, три во Демир Капија, а четири во Гевгелија и Дојран.
Снежна покривка има и во Маврови Анови, 20 сантиметри, Лазарополе 10, Крушево и Берово седум, Крива Паланка и Ѓуриште четири, Пожаране два и Дебар, Тополчани еден сантиметар, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег, а во некои од пониските места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 1 до 5 степени.
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг