Свет
14. December 2020 - 14:40

На Полска и се заканува трет бран на пандемија на Ковид-19

Полска се соочува со реална закана од трет бран на пандемијата на коронавирусот, изјави денеска полскиот министер за здравство, Адам Ниедзиелски.

Тој рече дека ќе препорача рестриктивните мерки што се во сила во моментов да се продолжат најмалку до 17 јануари.

Полската Влада се очекува утре да го донесе националниот план за вакцинација против коронавирусот.