На „Питијада 2017“ ќе се сече џиновската пастрмајлија
На манифестацијата „Питијада 2017“ во Велес денеска ќе се сече џиновската пастрмајлија подготвена од велешките пекари.
Според програмата, сечењето на пастрмајлијата долга речиси четири метри, требаше да биде вчера, но се откажа поради дождот.
Пастрмајлијата се подготвува од свинско и овчо или козјо солено месо наречено пастрма, а одозгора се полева со јајца. Во Велес овој специјалитет се прави од 1862 година или точно 155 години. Низ годините пастрмајлијата ја подготвувале велешките домаќинки и фурнаџии, а денес се подготвува и во велешките домаќинства.
Пастрмајлијата е вид бренд на велешките кафеани и ресторани и бренд на Велес по кој градот е познат не само во Македонија, туку и пошироко на Балканот.
Годинашната 14. „Питијада 2017“ почна завчера со богата музичка програма, а вчера концерт одржа мега ѕвездата од поранешните југословенски простори Здравко Чолиќ.
За заокружување на манифестацијата, вечер ќе настапи култната „Рибља чорба“.
Организатор на „Питијадата 2017“ е Општина Велес.
Ново на Сител
-
Бајден ја откажа посетата на Италија поради катастрофалните пожари во Калифорнија
-
Отстранети 50 кубни метри отпад од диви депонии
-
Приведени двајца стружани поради предизвикување семејно насилство
-
Студен бран со дожд и снег
-
Таравари: Нема лекарска грешка во врска со седуммесечното бебе кое почина на Детската клиника
-
МВР: Внимавајте телефонските измами се сѐ почести, не споделувајте лични податоци
-
Лидерот на „Преродба“ Костадинов бара припојување на Македонија и украинска област кон Бугарија
-
Европратеници побараa дебата за „злоупотребата на социјалните мрежи“ до страна на Илон Маск