На Младенци не разбуди сонце - еве што значи тоа
Денеска е Четириесет Севастиски маченици – Младенци.
Овие 40-мина беа римски војници. За време на гонењето од страна на Ликиниј кој владееше со источниот дел од Римското царство заедно со Диоклецијан, тие беа изведени пред суд заради нивната вера, а потоа ставени во замрзнато езеро и оставени таму преку целата ноќ. Кога следното утро војсководецот ги најде живи, ги погуби и нивните тела ги фрли во водата за да останат непогребани. Но, три дена подоцна локалниот Севастиски епископ ги извади моштите од водата и чесно ги погреба. Пострадаа околу 320-та година.
Денешниот празник го слават сопружниците во првата година од бракот, оние кои се венчале после 22 март претходната година.
На овој ден младенците во својот дом примаат гости, кои им носат подароци, а младите домаќинки ги покажуваат своите уметности и знаење.
Младенци е празник со многу обичаи во Македонскиот народ. На овој ден жените стануваат рано и месат четириесет колачиња, кои се нарекуваат младенчиња, и симболизираат долг, среќен и сладок живот. Младенчињата се премачкуваат со мед, домаќинките ги нудат на децата и на сите кои дојдат во куќата пред пладне.
Посетувањето на младенците и донесувањето на подароците, е обичај од модерните денови, кој настанал во градот, но и секое село многу брзо го прифатило. Се смета дека на Младенци треба да дојдат сите оние кои биле на свадба, но во пракса сепак е поинаку. На Младенците тој ден на гости им доаѓа само најблиското семејство и пријатели.
Треба да се напомене дека Младенци секогаш паѓаат во време на постот, така што и гозбата која се подготвува тој ден треба да биде посна поради здравје и напредок на децата на младите сопружници.
Се верува дека „Какво е времето денес, такво ќе биде цела пролет“, па затоа по тоа какво е времето утринава може да се дознае какво време не очекува оваа пролет. Утринава не разбуди сонце, што значи пред нас е убава и сончева пролет.
Ново на Сител
-
Причината за убиствата на Вања и Панче е прашање за Палевски, вели Манев
-
Малчев од Бугарија: Над 500 граѓани донираа крв за настраданите, наместо ракија - салата патриотизам да градиме мостови
-
Таткото на Вања до Велибор Манев: Зошто ми го убивте детето?
-
Кисела Вода донира еден милион денари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани
-
Ќе се утврдува дали имало пропуст во лекувањето на кумановецот кој почина вчера по алергиска реакција од аналгетик
-
Криеле 1,5 килограми амфетамин под хауба на „голф“, уапсени две лица од Скопје | ФОТО
-
Бура од прашина во Ново Мексико, отежнато патувањето по автопатиштата
-
Вучевиќ: Испратено е барање до ФБИ и до ФСБ за истрага за употреба на звучен топ на протестот во саботата